Top Sport

Икарди уште не е достапен за Интер

Интер потврдија дека Мауро Икарди не е подготвен за враќање во тимот и дека мора да работи на својата физичка подготвеност пред да се врати во дресот на „нераѕурите“.

Икарди нема играно за Интер повеќе од еден месец откако му беше одземена капитенската лента од тренерот Лучано Спалети минатиот месец. Напаѓачот тврдеше дека има повреда на коленото, но Интер објавија дека нема одреден проблем со повредата. Покрај ова, во позадина траат преговорите за новиот договор на Аргентинецот, и италијанските медиуми тврдат дека има тивка војна на клубот со неговата агентка и сопруга, Ванда Нара.

Шефот на медицинскиот тим на Интер, Пјеро Волпи вели дека Икарди „наскоро“ би можел да се врати на фудбалот.

„Тој ја помина првата етапа од физиотерапијата пред да почне со рехабилитацијата. Сега повторно работи со групата и следната недела ќе направиме проценка кога би можел да биде достапен за клубот. Ќе продолжиме со нормалниот процес, како и со другите фудбалери“, вели Волпи.

Scroll to Top