Top Sport

Осака и Андреску со победи, Нишикори во аут во Мајами

Светската тенисерка број 1, Наоми Осака го започна настапот на Мајами опен со тешка 6:0/6:7(3)/6:1 победа над Белгијката Јанина Викмаер, додека Србинот Душан Лајовиќ се врати од сет негатива за 2:6/6:2/6:3 победа над сонародникот на Осака, Кеи Нишикори.

Откако ја освои втората последователна гренд слем титула во Австралија, Осака имаше релативно слаби настапи во Дубаи и во Индијан Велс, но против 141-рангираната Викмаер одговори одлично по тесниот втор сет.

„Морав да работам за оваа победа. Во вториот сет премногу дозволив емоциите да ме обземат, но потоа ги вратив нервите“, вели Осака, која сега игра со Тајванката Хсеих Су-Веи.

Канадската тинејџерка Бјанка Андреску пак, стигна до својата деветта последователна победа, откако со 6:3/6:3 ја победи 32. носителка, Американката Софија Кенин, одмаздувајќи се за поразот во Акапулко на почетокот на месецот. Од тој пораз Андреску е во победничка низа, освојувајќи ја титулата од Индијан Велс и победувајќи на два меча во Мајами за да има 30-3 скор во 2019 година.

Scroll to Top