Top Sport

Икарди во изненадувачки трансфер повторно во Италија

Најпознатата фудбалска менаџерка Ванда Нара на својот Инстаграм објави фотографија за која италијанските медиуми заклучија дека би можела да го открие новиот клуб на Мауро Икарди. Ванда е негова сопруга и менаџер, а фотографијата е направена во Турција каде Икарди игра за Галатасарај, пред да снимат заедно реклама. Она што го поттикна интересот во јавноста е тренерката што ја носи менаџерката.

Фотографијата го открива логото на Јувентус, а тоа беше доволно да ги подгрее гласините за можниот следен клуб на Икарди. Аргентинскиот фудбалер најголемиот дел од кариерата го одигра во Италија, во Интер и тоа е земјата во која се чувствува како дома.

Икарди со 18 гола е вториот стрелец во лигата Турција, со гол помалку од Един Џекo од Фенербахче. Вкупно постигна 47 гола на 65 натпревари за Галатасарај, со кого е под договор до летото 2026 година. Има и 19 асистенции. Пред да замине од Интер во Турција, тој беше поврзуван со Јувентус.

Scroll to Top