Top Sport

Феликс: Доведете го Бернардо Силва во Барселона

Португалскиот фудбалер Жоао Феликс се уште не е сигурен дали следната сезона ќе игра за тимот на Барселона. Феликс, на почетокот на сезоната во Барселона се пресели како позајмен играч од Атлетико Мадрид.

Младиот напаѓач и покрај тоа што не знае дали ќе остане во Барселона, на клубот му порача дека мора да го ангажира неговиот сонародник, Бернардо Силва.

„Им реков дека треба да го ангажираат Бернардо Силва. Тој е многу добар играч, а како личност е уште подобар. Постојано ме прашува за Барселона, тој исто така има семејство овде. Ме прашува каков е животот во Барселона, му кажав се најдобро и дека одлично ќе се вклопи во Барселона. Да сум на местото на Деко еден ден, би го донел Силва“, изјави Феликс.

Во Барселона, откако замина Ансу Фати, никој не го носи бројот десет во Барселона.

„Да се носи дресот со број 10 во Барселона со себе носи огромна одговорност. Секогаш ми беше омилен број, иако никогаш не сум имал шанса да го носам. Ќе видиме што ќе се случи ако останам”, вели Феликс кој во Бенфика го носеше бројот 79, а во Атлетико седумката.

Силва се уште е играч на Манчестер сити, но доколку Барса искешира 50 милиони евра, лесно може да ја промени својата одлука.

Scroll to Top