Top Sport

Икарди во „војна“ со италијанските медиуми

Мауро Икарди луто реагираше на шпекулациите во италијанските медиуми кои велеа дека аргентинскиот напаѓач ќе биде продаден од Пари Сен-Жермен ова лето, нарекувајќи ги „обично ср.ње“.

Икарди има опасна конкуренција во нападот на ПСЖ во Килијан Мбапе, Нејмар и Лионел Меси, по што имаше само 30 настапи и пет гола во 2021/22, по што „Ла газета дело спорт“ посочи дека 29-годишниот Аргентинец ужива во животот, но дека ќе биде ставен на продажба.

„Јас сум во Африка, следната година ќе ти дадам тебе да ми го организираш одморот. Овие приказни се обични ср.ња какви што гледам секоја година. Кога постигнував 30 години беше исто. Мојата кариера е неизвесна? Имам две години од договорот. На 29 години, со 200 гола, сите ме познаваат многу добро. Фала многу и големо гушкање од Африка со горилите, лавовите и моите пријатели кои покажуваат повеќе респект. Ќе се видиме наскоро“, напиша Икарди на социјалните мрежи.

Scroll to Top