Top Sport

ФА нема да го „тера“ Александер-Арнолд да ја пее англиската химна

Англиската Фудбалска асоцијација (ФА) вели дека не е проблем што бекот на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд не ја пеел химната пред мечот против Англија, откако дел од критичарите сметаа дека тој покажал респект кон кралицата Елизабета, која го прославува јубилејот од 70 години на тронот и бараа тој да биде отстранет од репрезентацијата.

Проблемот со тоа што дел од англиските фудбалери не ја пеат химната не е нов. Вејн Руни, рекордерот по бројот на постигнати голови одбиваше да ја пее химната, исто како и Гери Невил.

„Фудбалерот може сам да бира дали ќе ја пее национаната химна, и тоа е едноставен личен избор“, велат од ФА.

Scroll to Top