Top Sport

Икер Касиљас испрати „отровни стрели“ кон Мурињо

Голманот на Порто, Икер Касиљас, не ја пропушти можноста да го „пецне“ Жозе Мурињо, по поразот на Манчестер Јунајтед во Ливерпул (3:1). Тимот на Мурињо, во моментов се наоѓа на шестото место во Премиер лигата со 26 бода, дури 19 помалку од лидерот Ливерул.

Манчестер Јунајтед под Мурињо успеа да собори еден негативен клупски рекорд. Јунајтед имаат најмалку бодови по првите 17 кола уште од сезоната 1900/1991.

Касиљас поради Португалецот замина од Реал Мадрид, поради што ја користи секоја можност му испрати „отровни стрели“.

„Според еден португалски медиум, играч на моја возраст од 37 години е блиску до пензија. Се согласувам, Сепак јас би ги прашал тој ист медиуми: Кога станува збор за тренерите, во кој момент станува јасно дека треба да го напуштат тимот?“, напишал на Твитер, Икер Касиљас.

Манчестер Јунајтед во Премиер лигата има седум победи, пет нерешени и седум порази.

Scroll to Top