Светската фудбалска федерација (ФИФА) на состанокот во Колката, Индија именуваше неколку важни позиции за Светското првенство во Русија 2018, но и за иднината на Мундијалите, а висока позиција доби и претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Илчо Ѓорѓиоски.
Стратешкото тело на ФИФА одобри зголемување на наградниот фонд за СП во Русија на вкупно 400 милиони долари, зголемување од 12 отсто од наградниот фонд за 2014, а исто така ги назначи членовите на извршното тело за кандидирање на следните првенства.
Оваа група ќе биде сочинета од претседателите за ревизија на ФИФА (Томаж Весел) и комитетот на управување (Мукул Мугдал), додека претседателот на ФФМ, Ѓорѓиоски ќе биде член на Организациониот комитет за натпреварувања, заедно со експертите од администрацијата заменикот генерален секретар Звонимир Бобан и генралниот за администрација, Марко Вилигер.