Јосип Иличиќ ќе биде во тимот на Аталанта на гостувањето во Неапол потврдил тренерот Џанпјеро Гасперини.
„Јосип ќе патува со нас, не знам дали ќе го започне мечот или ќе влезе подоцна. За нас ова се сјајни вести. Иличиќ не заборавил да игра фудбал“, рекол Гасперини.
Словенецот кон крајот на јули доби дозвола да го напушти клубот додека не ги реши личните проблеми. Медиумите открија дека Иличиќ се борел со депресијата, која била предизвикана од страшните сцени што ги видел низ Бергамо за време на пандемијата на коронавирусот.
Наполи и Аталанта својот натпревар денес ќе го започнат во 15 часот.