Јосип Иличиќ (33) се подготвува да ја напушти Аталната. Словенецот, не е во добри односи со тренерот Џанпјеро Гасперини, а бидејќи договорот му истекува во 2022 година, Аталната за да заработи од неговиот трансфер, ќе му дозволи да замине.
Во Италија се шпекулира, дека Иличиќ од Бергамо ќе се пресели во 30 километри оддалечениот Милано.
Милан биле сериозно заинтересирани за неговите услуги. Не е познато колку пари Милан ќе и понуди на Аталанта за услугите на Иличиќ.
Според специјализираниот портал за трансфери, „Трансфермаркт“, Иличиќ на фудбалскиот пазар вреди 8.500.000 евра.