Тренерот на Аталанта Џанпјеро Гасперини соопштил дека сигурно нема да смета на Јосип Иличиќ за натпреварот против ПСЖ во четврт-финалето во Лигата на шампионите.
Еден од најдобрите играчи на Аталанта поради пореда не играше на последните пет натпревари во Серија А.
„Тешко дека ќе се врати за натпреварот со ПСЖ. Тоа ми предизвикува да се чувствувам лошо бидејќи во клучните моменти од сезоната останавме без најдобриот играч. Тој е клуч за нашата игра, имаше неверојатна сезона“, рекол Гасперини.
Словенецот одиграл 34 натпревари сезонава, постигнал 21 гол и забележал девет асистенции.