Прашање на време е кога Аталанта ќе го потврди трансферот на Јосип Иличиќ во Милан, тврдат италијанските медиуми. Тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини, го потврдил заминувањето на Словенецот.
„Кон крајот на сезоната, Иличиќ, покажа желба за трансфер. Добро се однесуваше, никогаш не се жалеше, сака да најде клуб каде ќе биде стандарден. Ја почитувам неговата желба за трансфер во друг клуб“, рекол Гасперини.
Милан бара играч кој ќе може да ја покрие позицијата на која што играше Хакан Чалханоглу.
Иличиќ има 33 години, неговиот договор со Аталанта истекува во јуни 2022 година.
Минатата сезона, одигра 38 натпревари, постигна седум голови, забележа 11 асистенции.