Поранешниот спортски директор на Партизан, Ивица Илиев открива дека во шпекулациите за ангажирањето на Андреа Пирло на чело на белградскиот клуб имало вистина. Во интервју за „Арена спорт“, Илиев не сакаше да открие зошто си замина од „црно-белите“.
„Седев со Пирло и човекот беше подготвен да работи за нас за пет пати помалку пари од тие кои ги доби во Турција. Тој беше заинтригриран од тимо и мислам дека имаше желба за соработка. Но, тоа траеше само десетина дена, и дојдовме до најситните детали пред да пропадне договорот“, вели Илиев.
Сепак, до договор не дојде и на крајот поранешниот тренер на Јувентус ја прифати понудата на турскиот Караѓумрук.