Србинот Саша Илиќ го наследи Англиченецот Алан Пердју, на тренерската позиција во ЦСКА од Софија. Пардју си даде оставка од позицијата тренер и технички директор на бугарскиот клуб ЦСКА Софија откако навивачите на клубот фрлале банани кон своите црномурести фудбалери.
Клубот објави, дека Илиќ потпишал двегодишен договор, тој од понеделник и официјално ќе го преземе тимот.
Илиќ тренерската кариера ја започна во помладите категории на Фудбалскиот сојуз на Србија, а потоа го презеде Чукарички, доби отказ пролетва, по мечот со Партизан, кога јавно го критикуваше судијата дека ги оштетил црно-белите и дека неговиот играч заслужил црвен картон.
Се шпекулираше дека би можел да го преземе Партизан по заминувањето на Александар Станојевиќ, но тој очигледно процени дека е рано за ваков предизвик.
Инаку, Илиќ го замени Англичанецот Алан Пердју, кој по околу два месеци го напушти клубот од Софија поради расистички испади на навивачите. Пердју беше и технички директор на клубот.
Сепак, познатиот англиски тренер реши да го напушти бугарскиот тим поради инцидентот, кој се случи пред натпреварот од последното коло против Ботев.
Навивачите на ЦСКА незадоволни од лошите резултати на клубот оваа сезона, го нападнаа клупскиот автобус. Навивачите на софискиот клуб фрлаа банани по црномурестите играчи на ЦСКА и ги навредуваа на расна основа.
Натпреварот се одигра, а Пердју реши да се раздели со софискиот прволигаш.
Пердју беше прогласен за најдобар тренер во Премиер лигата во 2012 година, откако со Њукасл го освои петтото место во англиското првенство.