Top Sport

Илинг-Џуниор и Влаховиќ донесоа триумф на Јуве кај Аталанта

Јувентус се искачи на второто место на табелата во италијанската Серија А, откако на клучното гостување кај Аталанта стигнаа до тесна 0:2 победа благодарение на головите на англискиот тинејџер Семјуел Илинг-Џуниор во неговиот прв старт за „бјанконерите“ и на „препородениот“ Душан Влаховиќ во 99. минута.

19-годишниот Илинг-Џуниор, кој неколку пати оваа сезона доби шанса да влезе во игра од клупата под Масимилијано Алегри, овојпат беше во стартниот тим на гостувањето во Бергамо, и во 56. минута се најде во совршена ситуација пред голот на домаќините и не згреши.

Илинг-Џуниор, кој произлезе од академијата на Челси е трет Англичанец кој постигнал гол за Јувентус по Дејвид Плет во 1992/93 и Вилијам Џон Џордан во 1948/49. Додека домаќините се обидуваа барем да израмнат, Душан Влаховиќ во 99. минута од мечот ги потврди трите поени.

Со победата, Јуве се искачува на второто место на табелата со 66 поени, два повеќе од Лацио и три пред Интер во неизвесната трка за топ 4 пласман. Аталанта, на четири меча пред крајот на сезоната останува на шестото место со 58 поени.


Scroll to Top