Top Sport

„Мекгрегор е идиот, мора да го заслужи реваншот“

Секогаш кога некој од двоецот Хабиб Нурмагомедов-Конор Мекгрегор ќе добие простор во медиумите нивниот потенцијален реванш е тема на разговорот.

Ирецот бара реванш од октомври минатата година кога доживеа пораз од Нурмагомедов, меѓутоа борецот од Дагестан има поинакви планови за својата кариера.

„Искрено, мислам дека тој воопшто не ја посакува таа борба. Зошто? Бидејќи минатиот пат го претепав во четири рунди. Го претепав, го ‘задавив’, го натерав да се предаде. Тоа беше знак дека не сака да биде со мене во кавезот“, рекол Хабиб за „Раша тудеј“, истакнувајќи дека Ирецот мора да го заслужи реваншот.

„Минаа четири години од неговата последна победа. До борбата за УФЦ појасот јас морав да нанижам десет победи. Тука нема да ги сметам оние 16 борби што не беа во УФЦ. Со секоја борба го заслужив тоа. Не со ‘јазикот’, со зборување, туку со она што го покажав во кавезот. Во тоа се разликуваме ние двајца. Тој зборува, а јас работам. Тој е идиот, а ние не им посветуваме внимание на идиотите“, заклучил Нурмагомедов.

Scroll to Top