Повеќе илјади навивачи ги пречекаа репрезентативците на Белгија, кои на Светското првенство во Русија го освоија третото место. Навивачите облечени во црвено ги поздравиле играчите низ улиците на Брисел и на главниот плоштад.

Белгија, настапот на Светското првенство го заврши со победата над Англија (2:0) во натпреварот за третото место.
Белгијците го постигнаа најголемиот успех во својата историјата, откако го надминаа четвртото место освоено во 1986 година, на СП во Мексико.