Top Sport

Илкај Гундоган е нов фудбалер на Барселона

Илкај Гундоган е нов фудбалер на Барселона. Германскиот играч за врска пристигнува како слободен играч од Манчестер Сити, каде договорот му истекува на крајот на месецот.

Гундоган (32) е под договор за две сезони, со опција за дополнителни 12 месеци под услов да одигра повеќе од половина од натпреварите во втората сезона.

Играчот од средниот ред имаше понуда од Манчестер Сити да остане во клубот, но понудата беше само за една сезона, плус опција за уште една.

Во Барселона ќе заработува 9 милиони евра годишно, а отштетната клаузула ќе изнесува 400 милиони евра.

Искусниот фудбалер на „Спотифај Камп Ноу“ пристигнува со статус на европски шампион откако Манчестер Сити триумфираше во Лигата на шампионите. Тој одигра 304 натпревари за тимот во текот на седум сезони.

 

 

Scroll to Top