Top Sport

Им донесе финале во ЛШ, а „граѓаните“ го продаваат

Фудбалерите на Манчестер Сити и на Челси со почеток во 21 часот во Порто го играат финалето на Лигата на шампионите.

Токму пред најважниот меч во историјата на „граѓаните“, медиумите во Англија објавија вест дека меѓу неколкуте играчи кои по вечерашниот меч ќе го напуштат „Итихад“ е и сезонава одличниот Ријад Марез. Покрај него, на трансфер листа е ставен и Рахим Стерлинг кој не успеваше да се наметне кај Гвардиола покрај младиот Фил Фоден.

Сепак, ставањето на Алжирецот Марез на оваа листа е изненадување за многумина.

Токму со неговите голови сезонава во елитното натпреварување Сити стигна до своето прво финале. Марез беше стрелец на 3 од четирите гола за својот тим на двомечот со ПСЖ, а погоди и на четвртфиалето со Борусија Дортмунд во Германија.

Scroll to Top