Леонардо Бонучи, радоста по пласманот во финалето на Европското првенство ја сподели и со италијанските навивачи. Бонучи постигна гол во пенал-серијата, против Шпанија. Италија со 4:2 на пенали ја победи Шпанија.
Откако, ветеранот, ја сподели радоста со навивачите, тргна кон соиграчите кои славеа на теренот, а тогаш на сцена стапи една госпоѓа од обезбедувањето.
Госпоѓата не го препозна Бонучи, мислејќи дека е навивач, го застана и му покажа да се врати на трибините.
Бонучи не можеше да поверува што му се случува, по како што самиот изјави „најтешкиот натпревар што го одиграл во кариерата“.
When the steward thought Bonucci was a fan trying to get back onto the pitch ?#ITAESP #Euro2020 pic.twitter.com/SJ4QjmNMcm
— Sam Huxley (@samhuxley) July 6, 2021