Манчестер јунјатед кренаа раце од Френки Де Јонг. Новиот менаџер на Јунајтед, Ерик Тен Хаг, се обиде но не успеа да го убеди својот поранешен играч да се пресели на „Олд Трафорд“.
Според шпекулациите, Барселона и Јунајтед имале договор, но фудбалерот одбил да ја напушти Барса.
Откако им пропадна обидот со Де Јонг, челниците на јунајтед ќе се обидат да го донесат Леандро Паредес кој се наоѓа на трансфер листата во ПСЖ. На Ерик тен Хег му се допаѓа аргентинскиот играч за врска, а новиот тренер на Јунајтед сака да ја искористи ситуацијата во која се наоѓа Паредес.
„Лекип“ објави ПСЖ за Паредес бара 35 милиони евра и дека Јунајтед ќе се обиде да ја намали сумата за обесштетување.