Top Sport

Има 17 години и откупна клаузула од 125 милиони евра (Видео)

Младиот напаѓач на Порто, Фабио Силва, потпишал нов договор во кој за условите во Португалија е вметната рекордна откупна клаузула. Ниту еден играч во португалското првенство досега нема откупна клаузула од 125 милиони евра.

Силва е најмладиот стрелец во историјата на трофејниот клуб. За сениорскиот тим, на натпреварот во Купот против Коимброеш, постигнал гол на возраст од 17 години и 22 дена.

Овој тинејџер досега го носел дресот на сите помлади португалски селекции, а се очекува наскоро да дебитира за младата, У-21 репрезентација.

Инаку интерес за ова момче веќе покажале Атлетики и Реал Мадрид односно Ливерпул. Откупната клаузула за овие клубови не претставува никаков проблем.

Актуелниот трансфер рекорд во Португалија го држи Бенфика. Тие летово за 120 милиони евра го продадоа Жоао Феликс во Атлетико Мадрид.

Scroll to Top