Top Sport

Михајловиќ излегол од болница

Фудбалскиот клуб Болоња со кратко соопштение ја информирале јавноста околу здравствената состојба на тренерот Синиша Михајловиќ.

Прославениот српски фудбалер пред неколку дена го завршил третиот циклус на хемотерапии, со кои се лекува од акутната леукемија.

Михајловиќ од хематолошкиот институт Серањоли бил отпуштен денеска. На тренерот на Болоња на 29 октомври му била пресадена коскена срцевина. .

„Генералната состојба на пациентот и резултатите на хематолошките тестирања се задоволителни“, се наведува во клупското соопштение.

Михајловиќ од почетокот на сезоната неколку натпревари на својот тим ги водел од болничката постела.

Scroll to Top