Борусија Дортмунд со речиси нов тим и нов тренер, во моментов е лидер во Бундес лигата, а во Лигата на шампионите има две победи во исто толку натпревари.
Од неколкуте нови имиња кои летово пристигнаа на „Вестфален“, секако дека најголемо внимание привлече англискиот тинејџер Џадон Санчо. 18-годишникот е член на младата англиска репрезентација, а селекторот Герет Саутгејт го повика во сениорскиот тим за натпреварите против Хрвстак и Шпанија во Лигата на Нации.
Наводно неколку големи имиња на европскиот фудбал сакаат да го видат Санчо во своите редови од наредното лето.
Се шпекулира дека најзагреани се клубовите од Островото: Манчестер сити, Арсенал, Челси, Манчестер јунајтед и Ливерпул.
Поради големиот интерес за младиот фудбалер Борусија ја одреди цената за овој млад играл, која изнесува 100 милиони фунти.