Казујоши Миура, потпиша нов договор со Јокохама. Миура има 53 години и ќе ја игра својата 36 сезона како професионален фудбалер.
Славниот јапонски фудбалер, кариерата ја започнал на 19-годишна возраст, во 1986 година во Сантос. Осум години подоцна стана првиот Јапонец кој потпишал договор со клуб од Серија А. Миура во 1994 година потпиша договор со Џенова.
Во 2000 година, по одиграни 89 натпревари и постигнати 55 голови за Јапонија, Миура замина во пензија.
„Пензионер“ беше само четири години. На 38-годипна возраст тогаш потпиша договор со Јокохама. Во 2017 година, со полни 50 години, стана највозрасниот професионален фудбалер кој постигнал гол на официјален натпревар.
Јокохама го награди Миура, кој ќе продолжи да ги поместува границите.