Кенан Јилдиз (18) е нова турска сензација. Тинејџерот е член на Јувентус кој досега одигра три натпревари за турската репрезентација, а дебитираше во победата над Хрватска (1:0) во Осиек во октомври. Ј
илдиз има договор со Јувентус до летото 2027 година, а во клубот пристигна пред 18 месеци година откако му истече договорот со Баерн.
Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри не му дава премногу шанса на младиот напаѓач, па Јилдиз собра 36 минути на пет настапи за Јувентус оваа сезона. Јилдиз има повеќе настапи играјќи за Јувентус Некст Џен, тим кој се натпреварува во третата лига. Таму одигра пет натпревари, вкупно 420 минути, забележа гол и асистенција.
Скаутите го забележале Јилдиз во дресот на турската репрезентација, кога во пријателски меч постигна гол прптив Германија.
Интерес за него покажале Арсенал, Ливерпул и Борусија Дортмунд. Јувентус наводно за Јилдиз бара 30 милиони евра. Според „Трансфермаркт“, Јилдиз моментално вреди еден милион евра.