Top Sport

Има правда! По поништениот гол, Елмас покажа дека е класа и го лобуваше Облак! (видео)

Новиот фудбалер на Наполи, Елиф Елмас донесе водство на Македонија против Словенија во 50. минута од мечот, неколку минути откако на стартот на второто полувреме судиите му поништија еден (според нас) регуларен гол.

Елмас доби одлична топка од капитенот Горан Пандев, и со убав лоб удар успеа да го совлада словенечкиот голман за важно водство. Дека се работи за единствен фудбалер, тој покажа и во 68. минута, кога успеа со одличен контранапад да донесе 2:0 водство за македонската репрезентација.

Scroll to Top