Top Sport

Обрадовиќ: Првпат по 27 години, моите играчи ме оставија без зборови

Тренерот на Фенербахче, темпераментниот Жељко Обрадовиќ признава дека е шокиран од 68:56 победата на Црвена звезда над неговиот тим во второто коло во Евролигата, и тоа не поради играта на Звезда.

„Да бидам искрен, мојот тим ме изненади повеќе од Звезда. Најискрено. Јас сум човекот кој секогаш тргнува само од себе и оваа слика не е добра за тимот. Има некои грешки кои сигурно постојат. Првпат по 27 години во мојата кариера, влегов во соблекувалната и немав зборови да им кажам. Така се чувствував. Најголемата одговорност е кај мене и ќе анализирам да видам зошто игравме така и зошто постигнавме бедни 56 поени“, објасни Обрадовиќ.

Звезда го „стопираше“ Фенербахче во Белград! (видео)

Scroll to Top