Top Sport

Има работа за УЕФА: Фудбалерите на Македонија ЃП во Софија навредувани дека се „Бугари“

Фудбалерите на Македонија ЃП не беа пријатно пречекани на стадионот „Бугарска Армија“ во Софија. Навивачите на ЦСКА Софија скандираа „Бугари, Бугари“, што е очигледен говор на омраза и националистичко скандирање, па ќе има работа за Дисциплинската комисија на УЕФА.

Сето ова беше забележано и од делегатот на натпреварот. Поради ова сигурно ќе има казни за бугарскиот клуб, поради несоодветна организација на натпреварот.

Минатата недела, првиот меч во Скопје меѓу Македонија ЃП и ЦСКА Софија мина во максимално коректна атмосфера.

Scroll to Top