Новиот „Bugatti Centodieci“, еден од најексклузивните автомобили во светот, му бил испорачан на Кристијано Роналдо во Саудиска Арабија. Португалецот е голем љубител на суперавтомобили. Португалецот во својата гаража веќе има два модели на „Bugatti“, „Veyron Gran Sport Vitesse“ и „Chiron“.
Најновиот модел на „Bugatti“, француска компанија која неодамна стана дел од „Bugatti Rimac“, во сопственост на Мате Римац, вреди осум милиони евра и ги има само десет во светот.
🚘 Cristiano Ronaldo's new car, a Bugatti Centodieci, personalised with "CR7". pic.twitter.com/Kx6YF1Esjy
— CR7 Portugal (@CR7_PORFC) February 28, 2023
Станува збор за автомобил со мотор W16 со зафатнина од осум литри и 1600 коњски сили, а максималната брзина му е електронски ограничена на 380 километри на час.
Може да забрза од 0-100 км/ч за 2,4 секунди, што е неверојатно ако се земе предвид дека автомобилот тежи речиси два тона.
Колекцијата на автомобили на Роналдо со новиот член „Centodieci“ сега вреди речиси 40 милиони евра.