Top Sport

Жанг официјално демантираше – Интер не е на продажба

Интер и нивниот претседател, Стивен Жанг, се јавија со официјално соопштение по вестите на „Ил кориере дело спорт“ дека кинескиот газда планира да го продаде клубот ако дојде вистинска победа.

Според весникот, семејството Жанг дало зелено светло на „Ротшилд банката“ да најдат нов малцински сопственик на тимот, но дека не се отфрла можноста да се продаде клубот. Ова експресно беше демантирано.

„Околу денешните шпекулации, посебно околу можноста за продавање на Интернационале Милано, претседателот Стивен Жанг категорично ги демантира лажните вести и посочува дека нема основа за вакви шпекулации“, се вели во соопштението на Интер.

Кинезите го продаваат Интер?

Scroll to Top