Холандија ја заддржа европската титула до 17 години, откако со 4:2 ја декласираа Италија во финалето во Даблин, Ирска во неделата.
Пред речиси 12 месеци, двете репрезентации се сретнаа во финалето во Англија, и повторно Холанѓаните беа поуспешни, откако стигнаа до водство од 3:0 на полувреме, и младите „аѕури“ не успеаја да се опорават.
Сонтје Хансен од Ајакс го постигна првиот гол за „лалињата“, пред Ки-Јана Хевер од Ливерпул од слободен удар да ја погоди пречката и топката во голот да ја смести Науфал Банис. Јан Матсен од Челси го постигна третиот гол за Холанѓаните, пред Лоренцо Коломбо со убав гол да намали на 3:1. Наси Унувар стана првиот 15-годишник кој погодил во европско финалетна У-17 за да ја запечати победата, пред Коломбо да го постигне својот втор гол.
Ajax’s Hansen puts Netherlands ahead of Italy in the Final of the u17 Euros.
Some lovely build-up beforehand, especially the quick footwork and switch of balance from AZ’s Mohamed Taabouni.
All Netherlands so far, Italy are yet to register a shot pic.twitter.com/17veOaj9dS
— Marc (@RastafariMoore4) May 19, 2019