Top Sport

Партизан се збогуваше со својот капитен Илиќ (галерија)

На „Хумска“ во Белград не се слави титулата, но тоа не пречеше Партизан да му приреди убаво испраќање на својот капитен, Саша Илиќ, кој го одигра својот 875. и последен меч во „црно-белиот“ дрес при 2:0 победата над Пролетер.

Цената на влезниците за мечот беа симболични 22 динари, во знак на  бројот на дресот на Илиќ и пред десетина илјади гледачи тој се збогуваше со својот клуб, почнувајќи со 20-часовен филм за неговата кариера, во кој зборуваа Љубиша Тумбаковиќ, Милош Радаковиќ и други големи имиња на Партизан.

Пред почетокот, децата од школата на Партизан, соиграчите и членовите на стручниот тим му направија почесна стража на Илиќ, а сите фудбалери носеа маски со неговиот лик.

Scroll to Top