Top Sport

Имало физичка пресметка во тунелот на Бернабеу, УЕФА подготвува казни

Контроверзниот пенал, со кој Реал избегна продолженија и можна елиминација од Лигата на шампионите, против Јувентус, се уште ја разбранува фудбалската јавност, а како на филмаска лента излегуваат детали за она што се случувало во моментот кога Мајкл Оливер го досуди пеналот кога завршил натпреварот.

Италијанскиот весник „Република“ тврди дека жестоко било во тунелот по натпреварот, а инцидентот го предизвикал играчот што ја носеше капитенската лента во Реал, Бразилецот Марсело.

Инцидентот, според истиот извор прераснал и во физичка пресметка, во која учествувале неколку играчи на двата тима.

УЕФА ги истражува овие наводи на „Република“ и најавува жестоки казни, дури и долгорочни суспензии.

Исто така, голема е веројатноста да биде казнет и Серхио Рамос иако не играше поради суспензија. Дефанзивецот на Реал, финишот на мечот го следеше од влезот на тунелот, со што ги прекршил правилата на УЕФА.

фото: EPA

Scroll to Top