Top Sport

Навивачи на Будуќност се обиделе да ги нападнат играчите на Црвена звезда

Кошаркарите на Црвена звезда, од вчера се во Подгорица, каде вечерва и утре ќе одиграат два натпревари од финалната серија во АБА лигата, против Будуќност.

Веднаш по доаѓањето во Подгорица, во хотелот каде што се сместени, имало обид за напад врз кошаркарите на екипата која во изминатите три сезони ја освојуваше АБА лигата.

Навивачи на Будуќност, велегле во хотелот и се обиделе физички да се пресметаат со капитенот на црвено-белите Бранко Лазиќ и центарот Ален Омиќ.
Потоа тие им се обратиле со зборивите: „Ќе ве претепаме“ и „ќе ве заколеме“.
Откако обезбедувањето ги спречило да дојдат до играчите тие се обиделе да се пресметаат со луѓето од обезбедувањето на Црвена звезда, а тепачката ја спречила полицијата која исто така се грижи за безбедноста на белградската екипа.

Инаку, во пресрет на дуелите во Подгорица, атмосферата е вжештена, Будуќност добила барање за 10.000 билети.

Резултатот во серијата е 1:1, а натреварот број три вечерва ќе започне во 20 часот.

Scroll to Top