Top Sport

„Имаме докази, ќе се бориме да ја поништиме регистрацијата на Олмо“

Претседателот на Ла Лига Хавиер Тебас го прекина молкот и конечно проговори за актуелните прашања. Најмногу зборуваше за „случајот Олмо“.

По неколку недели без медиумски настапи, првиот човек на Ла Лига одговараше на прашања од интерес на јавноста.

„Продолжуваме да се бориме против говорот на омраза, не само против расизмот. Се бориме и против хомофобијата, нетолеранцијата…“, започна Тебас.

После тоа следеше прашањето кое најмногу ја интересира фудбалската јавност, случајот со регистрацијата на Дани Олмо.

„Ние сме против неговата регистрација, имаме докази да се бориме против тоа. Ќе бараме да не биде регистриран, мислам дека имаме добра шанса“, рече Тебас и дополни.

„Тој моментално има лиценца, може да игра, ние тоа не можеме да го забраниме, но ситуацијата може да се сврти“, додавајќи дека, голем број клубови од Ла Лига се пожалиле на начинот на кој Барселона успеа да го регистрира Дани Олмо.

„Тие се во право. Ако ние како Ла Лига поднесуваме жалби, тоа значи дека веруваме дека тие (Барселона) не постапиле според законот“.

Scroll to Top