Хавиер Клементе (73), познат како „малиот Наполеон“ е легендарен баскиски тренер. Тој го предводеше Атлетик Билбао до две сензационални шпански титули и една двојна круна во првата половина на 80-тите години на минатиот век. Шест години беше селектор на Шпанија (1992-98), а ги тренираше и Атлетико Мадрид, Марсеј, Реал Сосиедад, Еспањол…
По повод неодамна објавениот документарец „Шпанија на Клементе“ за интересниот период на репрезентацијата која ја водеше на две светски и едно европско првенство, пред шпанските новинари се потсети на турбулентниот живот кога беше селектор на Србија, од август 2006 година до декември следната година.
Неговиот ангажман таму е историски. Тој беше првиот селектор на независна Србија, откако таа се одвои од Црна Гора, и првиот странски селектор на Србија. Започна одлично, со победа од 3:1 против Чешка, но заврши со дебакл во квалификациите за ЕП 2008.
„Имав одличен тим, но проблемот беше што беше – српски! Србите се добри против силните, а ги презираат послабите. Во квалификациите прво игравме против Португалија и Полска. Никој од нив не не победи. Испуштивме бодови против Казахстан! Но Србите велеа: „Како да играме против нив, тие се многу лоши“ Игравме многу добро, не загубивме од силните репрезентации, ја победивме Финска и загубивме од Белгија, 3:2. Поради мечот со Казахстан бевме елиминирани, тоа се Србите“.
Клементе откри дека кога бил назначен за селектор на Србија, од Билбао до Белград патувал со такси.
„Паднав од велосипед и скршив четири ребра и клучната коска. Ребрата ми ги прободеа белите дробови, не можев да патувам со авион. Затоа поминав 2.500 километри со такси со помош на перницци. Мислам дека чинеше околу 60.000 пезети во тоа време или можеби дури и малку повеќе“.