Напаѓачот на Лацио Чиро Имобиле добил дозвола да го напушти клубот по завршувањето на сезоната. Оваа информација ја откри новинарот на РАИ Чиро Венерато во својата емисија „Луна“.
„Гатузо го сонува Имобиле. Тој ќе го замени Милик во Наполи. Лаказет и Обамејанг беа резервни опции. Наполи не беше заинтересиран за Белоти. Имобиле им кажа „Да“, сега само треба да се договорат Лотито и Де Лаурентис“, рекол Венерато.
Имобиле во Лацио пристигна за 10 милиони евра од Севилја во летниот преоден рок во 2016 година. Репрезентативецот на Италија за Лацио одиграл 167 натпревари, постигнал 116 голови.