Top Sport

Имобиле ја доби наградата за која сонува секој напаѓач

Напаѓачот на римски Лацио, Чиро Имобиле ја доби Златната копачка како најдобар стрелец во Европа за минатата сезона.
„Ова е највисоката точка во мојата кариера. Кога ќе ја погледнам наградата, ми се чини дека ме прави уште поодлучен да ја освојам повторно“ рече Имобиле при церемонијата во импозантната „Sala Giulio Cesare“ на римскиот Капитол.

Чиро Имобиле (31) ја освои наградатаа за најдобар европски стрелец постигнувајќи 36 гола минатата сезона. Напаѓачот на Лацио го израмни рекордот на остигнати голови во една сезона во Серија А и стана третиот Италијанец кој стигнува до оваа престижна награда по Лука Тони во 2006-та и Франческо Тоти во 2007-ма година.

Зад Имобиле останаа Роберт Левандовски со Баерн (34 гола) и Кристијано Роналдо со Јувентус (31 гол).

„Ја освоив Златната копачка во конкуренција на големи шампиони“ рече Италијанецот кој најзаслужниот што Лацио играше во ЛШ по пауза од цели 13 години.

Scroll to Top