Лацио на подолг период остана без најдобриот стрелец Чиро Имобиле. Капитенот се повреди, во неделата против Удинезе.
Имобиле заработил повреда на предната ложа, поради што дуелот со Удинезе го заврши во првото полувреме.
„Газета дело Спорт“ истакнува дека дефинитивно ќе ги пропушти сите натпревари што ги очекува Лацио до крајот на оваа календарска година. До почетокот на Светското првенство во Катар, Лацио ќе игра против Аталанта, Рома и Јувентус.
Повредата на Имобиле е голем проблем за Лацио, бидејќи тој е единствениот центарфор во тимот.