Напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле вели дека било неверојатно што тој постигнал повеќе голови од неговиот идол, ѕвездата на Баерн Минхен, Роберт Левандовски.
Имобиле со своите 36 лигашки голови за Лацио во 2019/20 ја освои „златната копачка“, за првпат да ја донесе наградата во Италија од 2007 година, кога капитенот на Рома, Франческо Тоти беше најдобар европски стрелец.
„Да се освои ’златната копачка’ е нешто што ме прави навистина горд. Посебно бидејќи Левандовски секогаш бил мој идол, и би гласал за него за ’златната топка’. Кој е најдобриот број 9? Левандовски, Луис Суарез и Карим Бензема се секако меѓу најдобрите и самото тоа што сум во иста група како нив ме прави горд“, вели Имобиле во интервју за германскиот „Билд“.