Top Sport

Имобиле не дозволи Торино да победи во Рим

Лацио не успеа да ја мине Рома на табелата во Серија А, откако одигра 1:1 со Торино на „Олимпико“.

Торино уште еднаш покажа дека е „аспирин“ за фаворитите оваа сезона. Една минута ги делеше „биковите“ од победа во Рим. Победата им ја одзеде најдобриот стрелец во лигата, Чиро Имобиле во 93.минута.

Претходно Пјетро Пелегри во 56 минута му донесе предност на Торино.

Гостите беа поблиску до победата на овој натпревар, во првиот дел Бремер ја погоди стативата.

Лацио се наоѓа на шестото место до 56 бода, Торино се 11. со 40 поени.

Scroll to Top