Top Sport

Имобиле не оди никаде, со Лацио до ЛШ

Чиро Имобиле се „изнасмеа“ на шпекулациите кои велат дека Челси е заинтересиран за услугите на италијанскиот напаѓач.

Имобиле е во одлична форма со 17 гола во 14 меча за Лацио, а покрај тоа има и четири асистенции. Британскиот таблоид „Сан“ тврди дека Шангај СИПГ понудиле 70 милиони евра, но и дека Антонио Конте сака да го донесе на „Стемфорд Бриџ“ веќе следната година. Имобиле не верува во ова.

„Добро се изнасмеавме кога слушнавме за шпекулациите.  Претседателот и директор на тимот Игли Таре го направи Чиро најплатениот играч во ерата на Клаудио Лотито, така што нема за што да се зборува“, вели агентот на Имобиле, Марко Сомела откако фудбалерот го продолжи договорот до јуни 2022 година.

Scroll to Top