Top Sport

Репрезентација на Каталонија, тим преполн со талент и квалитет

Можете ли да ја замислите фудбалската репрезентација на Каталонија, во квалификации за европскот или светско првенство? Доколку тоа се случи, по прогласувањето на независноста, Кталонија како новоформирана репрезентација би ги започнала квалификациите од последниот „шешир“, што би преставувал проблем за многу репрезентации.

Каталонија е преполна со талентирани фудбалери, многумина ја минале школата на Барселона, а неколкумина од оние кои би биле дел од неа се меѓу најдобрите на своите позиции во светот.

Како би изгледала репрезентацијата?

Голман, веројатно Кико Касиља, кој во Реал му е резерва на Кејлор Навас. Опција е и искусниот Пепе Реина, кој е роден во Мадрид, но често истакнува дека се чувствува како Каталонец.

Бековските позиции би биле резервирани за едни од најдобрите во светот, десно Ектор Бељерин од Арсенал, а лево Џорди Алба од Барселона.

Командант на одбраната би бил Џерард Пике, а партнер во одбраната би му бил некогашниот соиграч сега играч ан Борусија Дортмунд Марк Бартра.

За место во одбраната би конкурирале и Виктор Руиз од Виљареал, Андреу Фонтас од Селта Виго, Виктор Санчез од Еспањол и Џорди Амат од Свонси.

Исклучителен квалитет има и во средниот ред. Серхио Бускетс од Барселона како последне човек во редот за врска, потоа неговиот соиграч од Барселона Серхио Бускет или фудбалерот на Саутемптон Ориол Ромеу и секако Сеск Фабрегас од Челси. Тука во комбинација можеби би влегол и Тијаго Алкантара Бразилец кој игра за Шпанија, но кој потекнува од школата на Барселона.

Нападот би го предводел одличниот Џерард Морено од Еспањол, а по боковите би биле Кеита Балде од Лацио, кој веќе има играно за Каталонија на неофицијален ме против Баскија и Џерард Доулофеу.

Место на најистурен напаѓач би можел да го покрие и Маријано Дијаз кој е роден Каталонец, а во моментов го предводи нападот на Олимпик Лион.

Scroll to Top