Лацио потврдија дека нивниот капитен, Чиро Имобиле останува во болница во Рим по судирот со трамвај во близината на „Олимпико“ со скршено ребро и повреда на ‘рбетот.
Напаѓачот се судрил со трамвај вчера навечер со неговото семејство во колата, но за среќа беа избегнати посериозни повреди. Имобиле, сепак, останува во болницата „Агостино Гемели“, каде што ќе остане барем неколку дена.
33-годишниот италијански репрезентативец имаше тешка сезона со повеќе повреди, за да се врати во игра по подолга пауза во петокот при 3:0 победата над Специја. Тој има 12 гола и 5 асистенции во 30 меча оваа сезона, со што е втор стрелец во Серија А по Виктор Осимен.
Le condizioni di @ciroimmobile
➡️ https://t.co/vzub0Sg8zy pic.twitter.com/AvtxldAc9B
— S.S.Lazio (@OfficialSSLazio) April 16, 2023