Чиро Имобиле со голот кој го постигна во 2:2 ремито на гостувањето кај Аталанта, стана легенда на Лацио, откако се израмни со Силвио Пиола со 159 гола во дресот на „бјанкочелестите“.
31-годишниот Имобиле е во Лацио од 2016 година, кога направи трансфер од Севилја за 10 милиони евра, и ова му беше деветти гол во 10 меча во Серија А, со што во моментов е најдобриот стрелец во Италија.
Тој има 232 настапи и 159 голови за Лацио во сите официјални натпревари, со што го израмни рекордот на Пиола, кој играше за римскиот клуб од 1934 до 1943 година и почина во октомври1996 година.
Зад нив двајца, Бепе Сињори има 127 гола, Џорџон Кинаља има 121 и Бруно Џордано има 116 гола.
? – Ciro Immobile scores his 159th goal for @OfficialSSLazio in all competitions, equalling Silvio Piola as the club's all-time leading competitive goalscorer. #AtalantaLazio #CMonEagles
— Gracenote Live (@GracenoteLive) October 30, 2021