Top Sport

Видал пред некој ден пијан влегуваше во автомобил, сега вози „Фиат Панда“!

Чилеанскиот ветеран Артуро Видал, кој во својата кариера честопати е критикуван за својата страст кон забавите и „распуштениот“ живот, се појави на тренинг на Интер во стара „Фиат Панда“ и прати филозофска порака.

Само пред неколку недели, Видал беше на насловните страници откако во алкохолизирана состојба падна од луксузно возило, но сега тој сакаше да ја покаже својата скромност.

„Среќно доаѓање на тренинг, бидејќи животот ми дал толку можности, но среќен сум со мали работи“, напиша 34-годишниот Видал.

Scroll to Top