Top Sport

Империјата на Сити се шири во Индија

Сопствениците на Манчестер сити „Сити група“ од Абу Даби го откупиле мнозинскиот пакет на акции на фудбалскиот клуб Мумбај од Индија.

„Сити група“ сега во своја сопственост има осум фудбалски клубови во светот.

Покрај новиот клуб Мумбај и најпознатиот Манчестер сити, дел од семејстото на оваа групација се Мелбурн сити (Австралија), Њујорк сити (МЛС-лига, САД), Џирона (втора лига, Шпанија), Јокохама маринос (Јапонија), Атлетико Торке (Уругвај) и Сечуан (Кина).

Исто така групацијата има „договор за соработка“ со клубот Атлетико венецуела.

Фудбалскиот клуб Мумбај ја игра својата шеста сезона во Супер лигата на Индија. Натпреварите ги игра на „Мумбаи арена“ чии капацитет е 8.000 места за седење.

Scroll to Top