Top Sport

Јовиќ во јануари се сели во Италија?

Лука Јовиќ во пролетниот дел од сезоната нема да го носи дресот на Реал. Вториот дел од сезоната тој ќе го минел во Италија, во Милан, тврдат медиумите.

Реал во летниот преоден рок на Ајнтрахт им платија 60 милиони евра за услугите на Јовиќ. Напаѓачот барем досега не покажа ништо на „Сантијаго Бернабеу“. Не ги користи минутите што ги добива од Зинедин Зидан, а има „проблем“ и со конкуренцијата, бидејќи Карим Бензема игра во страшна форма.

„Тутоспорт“ тврдат дека Милан ќе го донесат Јовиќ на позајмица до крајот на сезоната, а доколку се докаже тогаш ќе го откупат неговиот договор.

Scroll to Top