Top Sport

Инцидент во Барселона, незадоволниот Видал го напуштил тренингот

Артуро Видал предизвикал инцидент на последниот тренинг на Барселона пред дербито со Реал Мадрид. Барселона вечерва од 20 часот ќе го пречека Реал во традиционалното „Ел Класико“.

Новинарите на „ЕСПН“ објавија дека Видал го напуштил тренингот на Барселона кога дознал дека натпреварот нема да го започне во стартната постава.

Реакцијата на Чилеанецот е изненадувачка ако се знае дека тој ретко е стартер кај Ернесто Валверде. Сезонава одиграл 17 натпревари за Барселона, но на само пет од нив започнал во стартниот состав.

Оваа негова реакција може да се протолкува како барање за трансфер. Видал подолг период се поврзува со Интер, а според италијанските медиуми тој речиси сигурно во јануари ќе се пресели на „Џузепе Меаца“.

Артуро Видал е играч на Барселона од јули 2017 година. Барселона за неговите услуги на Баерн им палти 20 милиони евра.

Scroll to Top